28-годишник загина во сообраќајка кај Страцин

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен возач загина откако кај селото Страцин со својот автомобил излетал од патот и удрил во бетонски заштитен ѕид.

– На 04.07.2026 околу 00:10 часот во ОВР Кратово е пријавено дека на магистралниот пат А-2, кај село Страцин, кратовско, патничко возило „опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од патот и удрило во бетонски заштитен sид, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Притоа, како што се додава, на местото на настанот починал Н.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја повеќе улици во Куманово

– По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на Институтот за судска медицина за обдукција, а увид извршила екипа од ОВР Кратово, стои во соопштението.

Никола Ивановски