Отишол на планинарење, но никогаш не се појавил на договореното место

Сподели со своите пријатели

Крег Клоатр (40) од Ливингстон, бил пронајден мртов во четвртокот, откако претходниот ден отишол на планинарење со пријател, веројатно ловејќи крупен дивеч, но никогаш не се појавил на одредено место за состаноци.

Loading...

Потрагата започна во средата навечер со тимови на теренот и со хеликоптери кои ги концентрираа своите напори на областа Сикс Мил Крик во планините Абсарока, северно од Националниот парк Јелоустоун.

– Тие се разделиле во одреден момент рано наутро. Кога друг маж се вратил во нивното возило, а неговиот пријател не бил таму, ни се јави и почнавме да бараме – изјави шерифот на округот Парк Бред Бихлер за Livingston Enterprise.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патник пеел 14 часа без прекин: Невообичаена глетка на пат од Сараево до Виена (ВИДЕО)

 

 

Клоат подоцна бил пронајден мртов, со траги од напад на животно, а се претпоставува дека се работи за гризли, пренесува New York Post.

Несреќниот маж се преселил од родниот Масачусетс пред повеќе од две децении во Монтана, каде ја запознал својата сопруга Џејми и решил да си направи дом, изјави неговиот татко за Асошиејтед прес.

Loading...

-Бев горд на мојот син. Тој беше добар, вреден и семеен човек – изјави Дејвид Клоатр, таткото на Крег.