Осум лица побегнале од Притворниот центар (ЦРА) во францускиот град Ница, додека деветиот бегалец е уапсен, соопштија денеска полициски и судски извори.
Loading...
Како што соопштија од Обвинителството во Ница, отворена е истрага во врска со инцидентот, објави францускиот весник „Фигаро“.
Притворниот центар во Ница може да прими 40 луѓе, а се наоѓа во поранешна касарна која е претворена во полициска станица.
Како што соопштија од полицијата, во тој центар има голем број мигранти кои по излегувањето од затвор треба да бидат вратени на граница.
Според францускиот весник, 70 припадници на граничната полиција се задолжени за безбедносните мерки во и околу центарот.