Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефект во електродистрибутивната мрежа, според извештајот испратен во 9 часот наутро, без струја се селата Старо и Младо Нагоричане, Бајловце, Бељаковце, Војник, Стрезовце, Клечовце и Новосељане.
Loading...
Без електрична енергија беше и дел од населбата Карпош.
Нема информации дали дефектот е отстранет и кои се причините за прекин на електричната енергија.