Во рамките на проектот „Безбедни училишта“, во просториите на ОСТУ „Наце Буѓони“, утре со почеток во 12 часот ќе се одбележи доаѓањето на еден од најголемите христијански празници.
Ќе бидат презентирани обичаите и традицијата на празнувањето на Бадник и Божиќ, а проектот е во соработка со Секторот за внатрешни работи – Куманово.
На одбележувањето присутни ќе бидат и претставници на тимовите за безбедност од повеќе средни улилишта од градот, како и претставници на локалната самоуправа.