Остроглава шарка или остроглава осојница е широкораспространета змија од семејството на отровниците од југоисточна Франција, па сè до Кина.
Во Македонија, се среќава во северниот и североисточниот дел на земјата. Засега нема признаени подвидови.
Возрасните единки се долги во просек од 40 до 50 сантиметри, иако се најдени и примероци по 63–80 см .Женките се поголеми од мажјаците.
Остроглава шарка е слична на италијанската (V. aspis) и обичната шарка (V. berus), но има забележителни разлики.
Ова е најмала отровница во Европа, со дебело тело, тесна глава и груб изглед.
Муцката не е извиена нагоре. На главата има неколку големи лушпи (плочки). На грбот има изразено засртени лушпи во само 19 реда, а меѓу нив честопати се забележува темна кожа.
По боја змијата е сива, драп или жолтеникава со темна кривулеста пруга на грбот, обрабена со црно.
Оваа змија е заведена како ранлив вид на Црвениот список на МСЗП поради уништувањето на живеалиштата предизвикани од промените во земјоделството и климатските промени во планинските подрачја. Игра улога и нивното собирање во трговијата со миленици.
Покрај тоа, остроглавата шарка е заведена во Прилог I од Конвенцијата за меѓународна трговија со загроезени видови како миленици (CITES) , што значи дека на змијата ѝ се заканува изумирање ако не престане трговијата. Прогласена е за строго заштитен вид на Бернската конвенција.
@kumanovskimuabeti.mk Reply to @buvche Отровни змии во Македонија – Остроглава шарка #kumanovo #kumanovskimuabeti #zanimlivosti #занимливости #Куманово #кумановскимуабети #foryou #foryoupage #facts #zanimljivosti #cinjenice #fakti #makedonija #macedonia #serbia #balkan #srbija #viral #snake #snakes #zmii #zmije ♬ original sound – Кумановски Муабети