Осмомартовски марш низ улиците на Куманово (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Неколку жени и млади девојки симболично со бели цветови и пораки за рамноправност денеска на иницијативна на невладината организација „Јустиција“, организираа осмомартовски марш на Меѓународниот ден на жената.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”319″]

 

Машрот започна од градскиот плоштад „Нова Југославија“ и се упатија кон споменикот жена борец каде на овенатото дрво закачија бели цветови и испишани пораки од типот „40 градоначалнички места“ или „право на пензија и на мажите за 4-ти дете“, „13 министерски места“ и слично.

Како што истакна Оливера Доцевска, една од организаторките на маршот целта е да се постигне родова рамноправност на жените во Република Македонија.

Целта е да ја анимираме јавноста, посебно младата популација за разликите во рамноправноста помеѓу мажите и жените во Република Македонија која што не е на некое драстично ниво разликата, но сепак е разлика што можете да го видите разликата од 30%, тоа не е рамноправно учество. Целта е да укажеме на битните, клучните прашања кои ги тангираат жените во Република Македонија – изјави Доцевска.

Преку испишаните пораку сакаат да допрат до јавните институции, а овој марш по втор пат се одржува во Куманово, но е на национално ниво.