Османи се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, во просториите на Владата.

Loading...

Во фокусот на разговорите беа проектите, активностите и целите на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, кој се одржан во јуни оваа година во Вашингтон. Османи информираше за Акцискиот план, подготвен од страна на Министерството за надворешни работи, преку кој Владата ќе ја следи имплементацијата на проектите и резултатите од Стратешки дијалог меѓу двете земји.

„Соодветно на веќе утврдените приоритети, првата област на интензивирана соработка во рамките на Акцискиот план е владеењето на правото и борбата против корупцијата, со што ќе се зајакне соработката меѓу двете земји и поддршката од страна на САД во оваа област.“ изјави Османи, посочувајќи дека очекува наскоро Владата да го усвои Акцискиот план и да се започне со негова имплементација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: ЗНАМ нема да влезе во ниту една можна постизборна коалиција со ДУИ

На средбата стана збор и за останатите приоритети во рамките на Стратешкиот дијалог како што е претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, претстојното преземање на претседавањето на Република Северна Македонија со САД – Јадранската Повелба, сојузништвото во НАТО, справувањето со геополитичките предизвици во регионот, како и континуираната американска поддршка за нашиот евроинтегративен процес.