Османи на средба со колегите од регионот

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово, на маргините на Бледскиот стратешки форум, учествуваше на состанок организиран од министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на кој се разменија мислења за актуелните случувања на Западниот Балкан, со фокус врз неговата европска и евро-атлантска перспектива, регионалната соработка, како и за влијанието на војната во Украина врз политичките и економски процеси во регионот.

Loading...

На почетокот на своето излагање, министерот Османи истакна дека почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ има историско значење, со оглед на седумнаесетгодишниот период на чекање од добивањето на кандидатски статус. Според Османи, овој чин ја нагласува важноста на политиката на проширување, како еден од најуспешните проекти на ЕУ, во зајакнувањето на европското единство и консолидација на безбедноста и демократските принципи и вредности на европскиот континент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

“Евро-интеграцискиот процес ѝ помага на Северна Македонија да ги зацврсти своите демократски потенцијали, а со решавањето на споровите со соседите, да обезбеди долгорочен развој и предвидливост”, потенцира Османи.

Во ситуација кога континентот е под влијание на пошироките политички и економски ефекти на воената криза во Украина, но и на нерешените прашања во регионот, Османи ја нагласи неопходноста на континуирана комуникација и координација, како во рамките на иницијативата Б6, неформалната платформа за на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан, покрената од министерот Османи, во јуни минатата година.

На состанокот учествуваа и министрите за надворешни работи на Хрватска – Гордан Грлиќ Радман, Босна и Херцеговина – Бисера Турковиќ, Косово – Доника Грвала Шварц, Црна Гора – Ранко Кривокапиќ и заменик министерката за надворешни работи на Албанија – Меги Фино.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Ние од ЗНАМ кажавме дека нема коалиција додека не се потпишат и дефинираат црвените линии за Македонија