Орбан: Урсула фон дер Лајен не е противник на Унгарија

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Урсула фон дер Лајен, која беше реизбрана за претседател на Европската комисија (ЕК), не е противник на Унгарија.

Loading...

Во интервју за унгарското државно радио, Орбан рече дека патриотските сили „постигнале голем успех, но не и напредок“ на изборите за Европскиот парламент (ЕП) одржани во јуни.

„Групата Патриоти за Европа сега е трета по големина сила во ЕП“, рече Орбан, наведувајќи дека ќе биде втора по големина кога ќе формира сојузи, пренесува МТИ.

Орбан смета дека партиските лидери кои, како што рече, работат против Унгарија во ЕП, треба да се сметаат за противници, наведувајќи го како пример лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, кој, како што наведе, „познат е дека ги мрази Унгарците и да промовира војна и миграција“, пренесува Танјуг.

Унгарскиот премиер изрази очекување патриотските сили да постигнат напредок на претстојните избори во Австрија и другите земји, како и на претседателските избори во САД.

„Патриотските сили ќе бидат мнозинство во светот до крајот на годината“, рече Орбан.

Според неговите зборови, народот сака „поинаква Европа и поинаква европска политика во споредба со она што го нуди левицата“.

Орбан рече дека проблемот е што европските лидери не го прават она што го сакаат народот и додаде дека сите луѓе ширум Европа сакаат мир наместо војна, туку дека левицата е за војна и дека народот сака да ја запре миграцијата, но дека левицата поддржува миграција.

Loading...

Премиерот на Унгарија посочи дека постои јасна десничарска програма и визија што ги нуди новооснованата политичка групација во ЕП – Патриоти за Европа – кои се мир, заштита на традиционалното семејство и противење на миграцијата.

Орбан ја основа Патриоти за Европа на крајот на минатиот месец, по изборите за ЕП.

Патриотите за Европа станаа официјална група во ЕП откако белгиската крајнодесничарска партија Фламански интерес објави дека се приклучува на алијансата. Фламанскиот интерес е седмата национална партија која се приклучи на Патриоти за Европа.