Орбан: Работата на УСАИД мора да се разоткрие и во Унгарија

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека „левичарската меѓународна мрежа“, поточно Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), која е одговорна за големите случаи на корупција во западните земји, мора да биде разоткриена и во Унгарија.

Loading...

Орбан рече дека „работата на Доналд Трамп и Илон Маск мора итно да продолжи“, објави МТИ.

Орбан изјави дека УСАИД „даде пари на луѓе, организации и медиуми“ за одредени случаи да се решаваат според очекувањата на агенцијата, но дека сето тоа е „претставено како независно и толерантно“, пренесува Танјуг.

„Тие (УСАИД) ни препорачаа да правиме страшни работи“, рече Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Трговскиот договор меѓу САД и Британија значи дека царини можеби нема да бидат потребни

Тој рече дека УСАИД побара од Унгарија да прифати илегални мигранти, да ја поддржи војната во Украина и да ги изложи студентите на „секакви родово-активистички ставови“.