Руското пробно лансирање на балистичката ракета со среден дострел Орешник го натера Западот да размислува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Тој изрази надеж дека Западот ќе ја послуша оваа порака и „ќе обрне внимание“.
– Русија лансираше оружје кое претходно беше непознато. Овој приказ на оружје не натера сите да размислуваме. Искрено се надевам дека сите ќе го сфатат ова сериозно како предупредување, вклучително и Западна Европа – изјави Орбан за радио „Кошут“.