Орбан: Членството на Украина во ЕУ не треба да биде инструмент за војна

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека членството на Украина во Европската унија не треба да биде „инструмент за војна“, нагласувајќи дека ЕУ е основана за мир и дека проширувањето треба да му служи на мирот, а не на продолжување на војната.

Loading...

Орбан рече дека прашањето за војната се уште е „на маса“ бидејќи оние во Брисел се уште го следат патот што води кон војна, пренесе МТИ.

Тој додаде дека Европа очигледно се подготвува за продолжување на војната, објаснувајќи дека членството на Украина во ЕУ може да ѝ помогне на таа земја да победи во војната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинската воздушна одбрана уништи 309 руски дронови во текот на ноќта

Орбан истакна дека одлуката дали Украина ќе стане членка на ЕУ ќе има значително влијание врз судбината на Унгарија во наредните децении.

– Ќе има одредени последици доколку се дозволи пристап, како и ако тој успешно се спречи – рече Орбан.

Тој заклучи дека прашањето е од „клучно значење“ и изрази уверување дека пристапувањето на Украина во ЕУ ќе им наштети на Унгарија, унгарските семејства и ќе ги исцрпи економските успеси постигнати во последните 15 години.