Општина Куманово распиша тендер за реконструкција на опожарените простории

Сподели со своите пријатели

Одделението за јавни набавки при Општина Куманово распиша оглас со барање за прибирање на понуди за Реконструкција на опожарени и оштетени простории во Општина Куманово.

Во огласот објавен на веб сајтот на Бирото за јавни набавки се предвидуваат проценети средства од 307.000 денари за реконструкцијата на опожарените канцеларии, а изведувач на работите ќе биде оној кој ќе достави најниска можна понуда од сите пријавени на огласот.

Инаку, канцелариите на Општина Куманово, поточно дел од Управата за имотно-правни работи изгореа во пожар кој избувна на 10 октомври минатата година, кога од запален оџак на ресторан лоциран во Касапски круг се запали кровната конструкција на старата општинска зграда, која потоа ги зафати просториите на кумановскиот катастар. Во пожарот изгореа околу 200 предмети, а едно лице се здоби со повреди.

Воедно локалната самоуправа распиша оглас со барање и за прибирање на понуди за Ревизија на основни (линиски) проекти за потреби на Општина Куманово. Станува збор за архитектонски услуги, инженерски услуги и интегрални инженерски услуги, услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето, поврзани научни и технички советодавни услуги услуги за технички испитувања и анализа за чија намена проценета вредност на овој тендер изнесува 800.000 денари без вклучен ДДВ.

Во рамките на отвореноста кон јавноста и транспарентност во работењето, огласите Општина Куманово ги објави и на својот веб сајт.

Leave a Reply