Општина Куманово распиша нов оглас за јавен превоз

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово распиша оглас за уредување на општинскиот линиски превоз за пет линии од приградските населби, вклучително и линии кон руралните средини за кои на претходните огласи не се пријави ниту еден превозник, поради финансиска неисплатливост.

Loading...

Според објавеното на веб страницата на општина Куманово, превозниците можат да конкурираат за линијата Зелен Рид-Железничка Станица и за Куманово-Табановце, за Бедиње-Доброшане со линијата Куманово-Новосељане-Косматац-Мургаш, за третата линија Ливада-Карпош-Железничка Станица, заедно со Куманово-Четирце, Бедиње-Тромеѓа и Куманово-Шупли Камен како и за линијата Романовце-Куманово заедно со линијата која води кон селата Сопот и „Бајрам Шабани“-Бедиње.

Огласот ќе трае 15 дена и заинтересираните превозници ќе треба да достават пријави до општинската комисија за уредување на превозот. Покрај општите документи, потребно е превозниците да имаат доволен број автобуси, паркинг, за линиите 3, 4, 5 и 8 превозот ќе треба исклучиво да се врши со автобуси. Еколошките стандарди на возилата носат 40, а бројот на тргнувања и заминувања 60 бодови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 93.000 лица утре со право на глас во Куманово

Вметнувањето на атрактивните линии кон приградските населби со финансиски неисплатливите се должи на одлуката на советниците на една од седниците. Дел од превозниците протестираа, бидејќи беа незадоволни од одлуката на градоначалникот и на комисијата, поради како што велат кршење на одредби од два закони Законот за превоз на патници и Законот за општа управна постапка.

Во долгата постапка, Куманово во моментов има превоз за 15 од вкупно 26 линии. Граѓаните и особено родителите на учениците се револтирани, бидејќи немаат превоз за четири линии и мора да плаќаат такси кое од неодамна е поскапо за 20 денари