Општина Куманово потпиша договори за прекугранична соработка со Бугарија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Два нови проекти ќе имплементира Општина Куманово преку програмата за прекугранична соработка со општините Ќустендил и Банско од Бугарија.

Loading...

По тој повод денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и в.д. директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски ги потпишаа договорите со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

 

 

Како што појасни градоначалникот Димитриевски, проектот со Ќустендил се однесува за развој на туризмот во двете општини.

– Ќе имплементираме проект за развој на туризмот и со што сметаме дека двете општини ќе имаат бенефит во делот на развојот на туризмот и зголемување на капацитетите во туристичката понуда, изјави Димитриевски.

 

Loading...

 

Како што рече Димитриевски, претходно со министерот Пенов разговарале и за продлабочување на соработката, која вели дека е на задоволително ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куќа изгоре во пожар во село Пчиња

– Секако општината има интерес да се унапредува таа соработка. Верувам дека ресорното министерство ќе ги искористи своите позиции да обезбеди поголеми средства во делот на регионалниот развој во државата со аспект дека Куманово се наоѓа во Североисточниот плански регион, еден од најзаостанатите или најнеразвиени региони во државата. Верувам дека нашата држава ќе смогне сили да обезбеди поголеми средства за соодветен регионален развој кои се повеќе од потребни за да се имплементираат сериозни капитални и регионални проекти каде директни бенефициенти ќе бидат општините, додаде градоначалникот.

 

 

Според министерот Пенов досега, Министерството за локална самоуправа и Општина Куманово соработувале на низа проекти, а како еден од позначајните го издвои и оној со швајцарската влада преку кој ќе се модернизира противпожарната служба во градот.

Loading...

– Три противпожарни возила ќе бидат донесени во Куманово. Ќе се реконструира пожарната зграда и ќе се набават 60 модерни опреми за 60 пожарникари со што ќе го издигнеме нивото на противпожарна заштита во Куманово, порача Пенов.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Детска претстава и концерт на Дарко Тодоровски утре во Занаетчискиот дом

 

 

Министерот се осврна на уште некои од сработените проекти, но и посочи дека со ИПА 3 програмата ќе се отвори патот општината да аплицира за дополнителни средства.

– Досега со оваа програма со Република Бугарија, кај нас се искористени 40 милиони евра и се имплементирани 178 проекти во овој регион. Мие потпишавме и од месец јуни започнува имплементација на ИПА 3 проектот каде нови 30 милиони ќе бидат имплементирани што е шанса и за Општина Куманово да аплицира и да добие добар дел од овие пари и да направи проекти од интерес на граѓаните, порача министерот.

 

Loading...

 

Денеска министерот Пенов договор потпиша и со директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски, за соработа со општина Банско. Проектот е во сферата на визуелните уметности и со него ќе се набави опрема за Занаетчискиот дом во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Дедо Мраз на мотор“ ја внесе новогодишната магија во Куманово (ФОТО)

– Ние конкретно сме фокусирани на документација за краткометражен документарен филм кој ќе треба во соработка со нашите колеги од Бугарија да се реализира за период од 60 дена, а во септември да се проектира во Занаетчискиот дом каде ќе добиеме, односно веќе добивме сериозна техничка опрема која верувам ќе им служи на сите граѓани на градот Куманово кои постојано реализираат културни манифестации во нашиот град во објектот, рече Арангеловски.

 

 

Loading...

Досегашните успешни проекти како што потенцираа и министерот и градоначалникот биле во областа на културата и туризмот.

Никола Ивановски