Нови комплетно реновирани тоалети добија советниците на Општина Куманово, откако пред реновирањето, години наназад, сместени во поранешната Зграда за општествени дејности, советниците користеа тоалети кои беа речиси вон функција.
[huge_it_gallery id=”26″]
Проблемот со недостаток на функционални тоалети беше решен неодамна, откако Општина Куманово по распишана јавна набавка за реконструкција на санитарни јазли во зградата каде се одржуваат седниците на Советот на Општина Куманово, склучи договор со фирмата ДГИ “БИЛД-ИНГ” ДОО Скопје која што понуди најниска цена за изведување на реконструкцијата, соопшти Дарко Станојковски, раководител на Одделението за јавни набавки.
Вкупната сума за реконструкција на санитарните јазли изнесува 599.770,40 денари, при што, во поранешен Комитет, на првиот кат се реновирани два тоалети, со целосен зафат, т.е извадена е комплетната стара водоводна и канализациона мрежа, и на тоа место се поставени нови цевки, врати, плочки, писоари, ВЦ шолји, мали бојлери за вода и аксесоари за тоалети.