Општина Куманово 10 дена ќе спроведува аеросолна метода против аерозагадувањето

Сподели со своите пријатели

Од утре 06.02.2018 до 16.02.2018 година  во период од 20:00 часот до 01:00 часот (во зависност од времеснките услови), Општина Куманово во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна и Факултет за информатички и комуникациски технологии, ќе спроведе мерка за намалување на загаденост на воздух на територија на општината  со примена за аеросолна метода. Мерката е дел од акцискиот план за намалување на загаденост на воздухот на Општина Куманово.

– Атонизер со кои ќе се спроведува методата ќе се наоѓа на тракторска приколка влечена од трактор кои ќе биде придружувано од возило од МВР, при прскањето на улиците. Со оваа метода ќе се врши зафаќање на ПМ10 честички кои ќе се таложат на улиците. Паралелно од стручните лица ќе се врши мерење на концентрација на ПМ10 честички пред и по прскањето. Преку споредбена анализа ќе се дојде до резултати кои ќе бидат презентирани пред пошироката јавност. Доколу се дојде до позитивни резултати од оваа метода,истата ќе биде примененувана во иднина, , информираат од Секторот за односи со јавност при Општина Куманово

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

Leave a Reply