Општа болница Куманово од денеска почна со колоноскопски прегледи

Сподели со своите пријатели

Општа болница Куманово од денеска почнува со колоноскопски прегледи за пациентите од североистокот, информираа надлежните од јавната здравствена установа.

Loading...

Набавен е нов апарат со кој лекари од Скопје, а и од Куманово ќе вршат прегледи.

– Од месец декември во општа болница Куманово започнува со работа колоноскопија како интервенција која изминатиот период недостасуваше како интервенција, значајна за дијагностички методи. Во Куманово доаѓаа лекари од гастроентерохепатологија, а од болницата веќе е обучена доктор Емилија Тодоровска, изјави директорката на општа болница Куманово, Биљана Ивановска.

Прегледите можат да се закажат со специјалистички преглед од интернист преку системот „Мој термин“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СВР Куманово го одбележа Денот на полицијата (ФОТО)

Пациентите од Куманово патуваа до Скопје за вакви прегледи и плаќаа приватно за прегледите.

Претходно во болницата беа воведени нови лабораториски испитувања за следење на состојбата на плодот за бремените жени, бесплатно достапни за кумановки во биохемиската лабораторија.

Со новите реагенси се вршат лабораториски испитувања за хромозомски абнормалности со метод „Benetech pra – софтвер“ за пренатален скрининг, кој овозможува следење на состојба на плодот во првиот и вториот триместар од бременоста.

Исто така, одделението за очни болести од неодамна почна со оперативна катарактна хирургија.

Loading...

Оперативната катарактна хирургија со имплантација на интраокуларни леќи се реализира со поддршка на Клиниката за очни болести.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

МИА