Општа Болница Куманово должи 8 милиони денари за вода

Сподели со своите пријатели

Повеќе правни субјекти од Куманово имаат отворени долгови кон Јавното претпријатие Водовод, соопшти денес Горан Стојковски, директор на кумановското водоснабдително претпријатие, образложувајќи ја финансиската слика за 2014 година на денешната седница на Совет на Општина Куманово.

Loading...

Кога ЈП Водовод должи на други побарувачи, тогаш се знае како се решаваат долговите, т.е, цел град останува без вода, вели Стојковски, но кога некој му должи на нашето претпријатие, тогаш ние мора да бидеме трпеливи, и да не ја сопираме водата и покрај енормните долгови.

– За илустрација, само ќе напоменам дека  Општа Болница Куманово има долг од  8 милиони денари, а тука се и познатите кумановски фирми во стечај или фирми кои што се во процес на ликвидација, т.е  ДИЕР, ИСКРА А.Д, Житомел А.Д, и наплатата на тие долгови ќе биде исклучително тешка, со оглед дека судбината на овие фирми е долги години ставена под знак прашалник, вели Стојковски.

Тоа што Општа Болница Куманово има долг кон ЈП Водовод нема да резултира со рестрикции, вели Стојковски, од причина што се работи за витален објект, но, од друга страна, Стојковски потенцира дека разумниот однос на јавното претпријатие кон кумановската болница е контра сите водоснабдителни кризи во Куманово кои барем досега беа предизвикани исклучиво поради тенденциозно однесување на ЈП Водостопанство ”Кумановско – липковско поле”, односно, 100 000 жители беа исправени пред предизвикот да немаат вода во своите домови со денови поради долг на ЈП Водовод.

Што се однесува до финансискиот извештај за работа на ЈП Водовод за 2014 година, претпријатието во текот на минатата година бележи зголемување на приходи за 7 милиони денари, додека расходите се намалени за 15 милиони, средства кои според Стојковски се искористени исклучиво за враќање на застарените долгови и стабилизирање на водоснабдителниот систем.

Leave a Reply