Општинската Организација на СДСМ Куманово по повод 11 Октомври упати честитка до своите сограѓани, посакувајќи им овој датум секога да биде водилка за сегашните и идните генерации кои доаѓаат.
11 Октовмри – денот кога народот во Македонија без разлика на својата етничка, верска и национална припадност реши да го крене гласот и да се ослободи од угнетувањето со цел да добие слобода и посветла иднина.
По повод 11 Октомври – светлиот датум во македонската историја на сите граѓани им го честитаме празникот со желба идеалите од тогаш никогаш да не згаснат и секогаш да бидат водилка за денешниве и некои идни генерации кои доаѓат.
Македонија е држава која е заедничка на сите, држава која треба да ја градиме сите, секогаш потсетувајќи се на идеите заради кои е започнато тогашното востание, а тоа се слобода, правичност и еднаквост.
Нека ни е честит празникот и да го славиме и понатаму во мир и заемно почитување, се вели во писмената честитка на ОО на СДСМ Куманово.