По повод успешно завршените активности во 2015 година, Општинската организација на Демократската партија на Србите во Куманово организираше свечен состанок на Општинскиот одбор, во просториите на поранешниот комитет.
Loading...
На состанокот присуствуваа по неколку претставници од сите месни комитети на ДПСМ во Куманово, како и председателот на Иван Стоилквиќ.
По тој повод беше организиран пригоден коктел на кој председателот на Општинската Организација на ДПСМ Куманово Владимир Стојановиќ, ги поздрави присутните и им се заблагодари за нивниот допринос и сите успешно завршени задачи на партијата.
Честитајќи им ги претстојните Новогодишни и Божиќни празници, Стојановиќ ги најави наредните активности на партијата, како и подготовките за Парламентарните избори во април 2016.