Екипата на Општинската организација на Црвениот крст од Куманово излезе на терен во селото Довезенце, каде по обилните врнежи надојдените води на Крива Река го урнаа мостот кој ги поврзува двата краја на селото.
Отсечени се 10 семејства, односно 32 луѓе и на истите од страна на Црвениот крст им беше поделена хуманитарна помош: 20 прехрамбено-хигиенски пакети, 50 кебиња, 150 литри флаширана вода и 30 кабаници.