ОН: Во болницата Ал Акса во Газа, луѓето умираат чекајќи помош

Сподели со своите пријатели

Вработена во Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) го опиша она што го видела во болницата Ал-Акса во Газа како сцена на „тотален масакр“ каде што луѓето умираат додека чекаат медицинска помош.

Loading...

Џема Конел изјави за Би-Би-Си дека има многу повредени луѓе со „исклучително сериозни рани, но кои не се лекуваат бидејќи има толку многу луѓе пред нив во редот за операција и болницата е апсолутно преоптоварена“.

„Трагично е, видов деветгодишно момче со катастрофална повреда на главата, кое почина“, рече Конел во вторникот.

Израелската војска ги засили операциите против исламистичката група Хамас во Појасот Газа, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на турнејата на силите во затворениот крајбрежен појас изјави дека Израел „ќе ја интензивира борбата во наредните денови“.

Според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, во израелската воена операција досега се убиени повеќе од 20.600 луѓе.

Офанзивата на израелската армија за елиминирање на Хамас од Газа беше поттикната од најтешкиот масакр во историјата на Израел, извршен од терористи од Хамас и други групи на 7 октомври.

Загинаа околу 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници, од кои некои подоцна беа ослободени.

За време на израелската офанзива беа уништени големи делови од Газа.

Loading...