ОН: Првиот конвој помош пристигна во близина на Соледар

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања, Јенс Лерке, денеска соопшти дека три камиони со хуманитарна помош за околу 800 луѓе биле испорачани во близина на Соледар во источниот украински регион Доњецк.

Loading...

Залихи со храна, вода, хигиена и лекови има во конвојот за прва помош испратен од ОН во областа која е изложена на интензивни борби меѓу украинските и руските сили, пренесува Ројтерс.

Лерке рече дека возилата, кои тргнале од Днепар, биле истоварени во петокот наутро во областите контролирани од украинската влада, без да ја прецизира точната локација.

На 13 јануари руското Министерство за одбрана објави дека руските сили претходниот ден ја презеле контролата врз градот Соледар, кој се наоѓа во близина на Бахмут, важен транспортен центар преку кој се снабдуваат украинските војници во Донбас.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.