ОН повикуваат на демилитаризација на нуклеарката Запорожје

Сподели со своите пријатели

Нуклеарната централа Запорожје мора да се демилитаризира и двете страни да ги повлечат своите сили оттаму, изјави денеска претседателот на 77. Генерално собрание на Обединетите нации Каба Короши.

Loading...

„Што се однесува до нуклеарната централа Запорожје, ајде да ги наречеме работите со вистинското име. Тоа е главното прашање на нуклеарната безбедност. Ги повикуваме двете страни да ја демилитаризираат зоната околу нуклеарната централа, да ги повлечат своите сили, за да се уверат дека нема воени операции на територијата на нуклеарната централа“, изјави Короши за ТАС С.

Короши додаде дека ваквата одлука би била добра и за Украина и за Русија, но и за другите земји, пренесува Танјуг.

Нуклеарната централа Запорожје во Енергодар се наоѓа во Украина, а моментално е под контрола на руските војници.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.