ОН повикаа на ембарго за оружје и создавање мировни сили за заштита на цивилите во Судан

Сподели со своите пријатели

Мисијата на ОН во Судан денеска препорача воведување ембарго за оружје и создавање мировни сили за заштита на цивилите, наведувајќи дека двете завојувани страни вршат насилство што се заканува да ескалира во воени злосторства или злосторства против човештвото.

Loading...

Во извештајот на Мисијата за проверка на факти на ОН, заснован на 182 интервјуа со преживеаните, членовите на нивните семејства и сведоци, се наведува дека и суданската армија и паравоените сили за брза поддршка (РСФ) се одговорни за напади и тортура врз цивили, како и произволни апсења, пренесува Ројтерс.

„Сериозноста на овие наоди ја нагласува (потребата од) итна акција за заштита на цивилите“, рече претседателот на мисијата Мохамад Чанде Отман.

Цивилите во Судан се соочуваат со зголемен глад, масовно раселување и болести по 17 месеци војна меѓу армијата и РСФ, пренесува Танјуг.

Посредниците предводени од САД минатиот месец изјавија дека им гарантирале на завојуваните сили подобрување на пристапот до хуманитарна помош на разговорите во Швајцарија, но дека отсуството на суданската војска од разговорите ги попречило тие напори.