ОН повикаа итно да запре насилството во Мјанмар

Сподели со своите пријатели

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за Мјанмар, Нолеен Хејзер, побара во главниот град на Мјанмар од шефот на воената хунта, генерал Мин Аунг Хлаинг, итно да го запре насилството, да го поддржи политичкиот процес кон враќање на демократијата и цивилното владеење и да дозволи поранешната лидерка на земјата, Аунг Сан Су Чи, која беше приведена од воените власти по пучот, се врати дома и да се сретна со неа.

Loading...

За време на нејзината прва мисија во оваа земја разорена од конфликт, таа изрази загриженост во име на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш за хуманитарната, безбедносната, економската и политичката криза и го повтори барањето на првиот човек на ОН да ги ослободи сите политички затвореници, пренесува Танјуг.

Специјалниот пратеник на ОН, исто така, го повика Хлаинг да воведе мораториум на сите идни егзекуции (на политичките противници), потсетувајќи го лидерот на воената хунта на неодамнешните егзекуции на четворица политички активисти и осудата на чинот што беше испратен од целиот свет.

Без очекуваната средба

Најавата на ОН за дводневната посета на Хејзер на Мјанмар беше објавена дури откако таа ја напушти земјата, изјави заменик портпаролот на ОН Фархан Хак.

Тој потврди дека претставникот на ОН не добил можност да се сретне со Су Чи, но посочи дека Хејзер изразил надеж дека таква средба ќе има во иднина.

Според Хак, Хејзер и Хлаинг имале значајни разговори, а ОН изразуваат надеж дека клучните барања ќе бидат исполнети.

Мјанмарската државна телевизија МРТВ кратко соопшти дека специјалниот пратеник на ОН и Хлаинг размениле мислења за подобрување на довербата и соработката меѓу Мјанмар и ОН, без да ги наведе главните теми на разговорите во главниот град Најпитав.