ОН: Иран мора да престане да користи непотребна сила против демонстрантите

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации изрази длабока загриженост во Женева во вторникот поради насилството на иранските безбедносни сили врз демонстрантите на улиците на иранските градови.

Loading...

Извештаите велат дека загинале 23 малолетници, а многу други се повредени.

„Постојаната, непотребна и непропорционална употреба на сила против демонстрантите мора да престане“, рече портпаролката Равина Шамдасани.

Таа предупреди дека иранските власти вршат рации во училиштата и ги носат децата кои учествувале во протестите во „психолошки центри“, според податоците на иранското Министерство за образование.

Ова може да укаже дека овие деца се одведени во центри за превоспитување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Канцеларијата за човекови права на ОН се повикува и на извештаите дека се уапсени најмалку 90 новинари, адвокати, уметници и активисти за човекови права.

Во извештаите се наведува дека уапсените биле малтретирани, мачени и немаат пристап до медицинска нега.

Портпаролката потсети дека Исламската држава Иран потпишала конвенции за човекови права со кои се обврзува да ја заштити слободата на говорот и правото на мирни демонстрации.

Loading...

„Ги повикуваме властите сериозно да пристапат кон проблемот со незадоволството на населението наместо да користат сила за да ги потиснат протестите“, рече Шамдасани.

Протестите избија по смртта на 22-годишната Курдка Махса Амини, која полицијата ја приведе поради непочитување на строгиот религиозен кодекс на облекување, а девојката починала како последица на тепање, според обвинувањата на активистите за човекови права, но властите тоа го негираат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија