Омиленото летувалиште на богатите нуди бесплатно сместување

Сподели со своите пријатели

Речиси и да нема сфера на животот што остана недопрена по пандемијата на коронавирусот, а ситуацијата, можеби, најмногу од се, влијае на туризмот.

Loading...

Патувањето е под знак прашање за многумина, но одморалиштата се обидуваат да привлечат туристи на различни начини.

Сакате да патувате летово? Ова се мерките за безбедност на ЕУ!

Така, на пример, Сицилија покрива дел од трошоците за туристите кои доаѓаат таму, а Канкун, омилено одморалиште на богатите, нуди неверојатни придобивки за туристите!

Мексико планира да ги отвори своите граници за туристите на 8 јуни, а иницијативата започната во Канкун ќе важи од 15 јуни.

Идејата е поврзана со бројот два – на пример, хотелите ќе понудат две бесплатни ноќи за секои две закажани ноќи или бесплатен престој за две деца, кога двајца возрасни закажуваат престој.

Грција ги отвора плажите, но летувањето нема да биде како претходно

Истото важи и за изнајмување автомобил – туристите ќе добијат автомобил два дена бесплатно на секои два дена што ја плаќаат киријата.

Loading...

Во оваа иницијатива учествуваат и хотели во Порто Морелос, Тулум и Исла Мухерес (Женски остров), кој се наоѓа во близина на Канкун.

Leave a Reply