Оливер Спасовски беше гост во дебатната емисија ”СТАВ” на ТВ Плус (видео)

Сподели со своите пријатели

Во третата емисија на ТВ Плус под наслов ”СТАВ”, гост беше генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски кој во дебатната емисија се осврна на актуелната политичка криза, ставот на СДСМ и можните изгледи за решавање на застојот по прашање на спроведување на договорот од Пржино.

Loading...

Спасовски од позиција на СДСМ пред гледачите на кумановската локална ТВ станица зборуваше и за политичката состојба во општините предводени од опозицијата, со акцент на Куманово, град од каде потекнува и генералниот секретар, потенцирајќи дека и покрај заложбите на локалната администрација, централната власт во континуитет не прави ништо за локален развој, тендециозно занемарувајќи го Куманово поради немање власт во таа општина.