Како што пишува порталот емагазин.мк, според неофицијалните податоци од агенциите кои се занимаваат со посредување при вработување околу 7.000 Македонци живеат и работат во Емиратите, а само 5.000 од нив се во Дубаи, кој е најразвиениот и најбогатиот емират.
Според податоците од Агенциите за посредување при вработување во странство, просечно, од Македонија во Дубаи заминуваат од 300 до 500 луѓе годишно.
Најмногу работат како келнерки, шанкери, собарки, продавачки. Освен за привремена работа, најголем дел од луѓето кои отишле остануваат да работат на подолго време.
Според огласите за вработување, со договор за вработување склучен преку домашна агенција за посредување при вработување во странство, платите се движат од 500 до 700 евра, а таму е обезбедено сместување и храна, што значи дека платата останува чиста. Во зависност од работната позиција и од работното искуство некаде платата достигнува и до 1.500 евра.