10.05.2015 20:10

Оклопните возила на МВР го напуштија “Диво насеље” (видео)


Пред неполн половина час, од населбата Тоде Мендол, односно од народски познатата Диво насеље, излезе оклопната механизација на МВР.

20150510_191436

loading...

При напуштање, насобраниот народ на кој МВР наводно му ветило дека ќе ги пушти да се вратат дома откако Крим техника и тимот за деминирање ќе го прочешла целиот терен, на секое возило кое излегуваше оттаму, извикуваше ”Уаааа”

20150510_192643

Запрашани зошто викаат ”Уааа”, локалните жители од албанска националност гласно коментираа дека извиците против полицијата се затоа што по изгледаните снимки од МВР за приведени терористи, ги препознале своите комшии, а не луѓе за кои велеа дека припаѓаат на добро вооружена и обучена група.

20150510_192557

”Тоа не се терористите за кои гласно се зборува во последните 24 часа. Тоа се наши комшии. Каде се тие Косовари за кои зборат? Каде се тие опасни терористи? Нив ги пуштија,  а пред камери ставија невини луѓе за да го прекријат сценариото”, гневно коментираа жителите.

Електирчната енергија е делумно пуштена во населбаата, но, тоа што се уште останува непознато е звукот на експлозивна направа која одекна на минут на излегувањето на вооружените сили на МВР.

20150510_191428

Хеликоптер на МВР го надлетува Куманово во моментот, а локалното население останува да чека да се врати дома.

loading...

© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments