ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Ул. „Пелинска“ е уште еден пример на рамнодушноста на локалната власт (видео)

Сподели со своите пријатели

Членовите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска на улицата „Пелинска“ одржаа прес конференција на која повторно упатија критики до локалната власт, за како што велат неодговорноста и рамнодушноста за проблемите на граѓаните.

Loading...

Тие велат дека оваа улица е место каде отпадната вода често избива на површината како последица на недоволниот капацитет на канализационата цевка и дефектите на мрежата. Тие го потенцираа проблемот и со паркинг просторот за кој велат дека речиси и да не постои.

Во оваа пригода би сакале да потсетиме дека актуелниот градоначалник во својата програма од локалните избори во 2013 година вети асфалтирање на оваа улица. Како што може ад се види улицата е во уште полоша состојба од претходно – Срѓан Ивановски, ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Тие го прашаа градоначалникот кога планира да ја асфалтира оваа улица и дали ќе преземе нешто во врска со проблемите на своите сограѓани.