ОК на ВМРО-ДПМНЕ: Локалната политика не е шарен авантуризам (фото)

Сподели со своите пријатели

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денес на улицата „Народна револуција“ одржа прес конференција на која упатија директни критики до градоначалникот Зоран Дамјановски, како и претседателот на Советот на Општина Куманово Максим Димитриевски дека, како што велат, треба да ја променат маршутата  на на „Шарената револуција“ и да одвојат барем пет минути за решавање на комуналните проблеми на граѓаните.

 

Loading...

8e304f4f-74cb-4d74-9a95-442d83217859

 Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, од улица „Народна Револуција“, ги известува лажните револуционери – Дамјановски и Димитриевски дека зараснативе површини, ситниве депонии, асфалтни дупки и особено необележани пешачки премини не се шарена илузија произведена од новинарските камери и фотоапарати. Ниту пак некаква партиска герила преку ноќ ги однела тротоарите коишто некогаш постоеле, туку се „шарен производ“ на „шарените лаги“ на локалните власти и вдомените партиски послушници коишто неморално секојдневно, одобруваат уништување и уништуваат државен имот – вели Срѓан Ивановски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ – Куманово.

 

24d9c1d9-5a6b-4fe8-9838-a7c1f4f44418

 

Јавна тајна, според Ивановски е дека Дамјановски и Димитриевски се срамат да протестираат за недостаток на демократија, бидејќи на легални избори им била доделена власта и контролата врз општинската администрација.

Овој пат, ВМРО-ДПМНЕ Ве повикува да ја смените маршутата на започнатата псевдореволуција и барем на 5 минути, во присуство на главните соработници и советниците од СДСМ, да согледате дека никој друг освен Вас се виновни за постоењето на комуналните проблеми. Ваша е одговорноста за постоење на дупки на „Народна Револуција“, за немањето на тротоари, непостоење на пешачки премини и небезбедното одвивање на сообраќајот во којшто секојдневно учествуваат илјадници граѓани на Куманово и околината – додава Ивановски.

Од општинскиот комитет порачаа дека локалната политика на е шарен авантуризам.

фото: архива

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.