ОЈО достави мерка притвор за нови седум лица осомничени за случајот ”Диво Насеље”

Сподели со своите пријатели

Врз основа на анализа од досега прибавените докази од истрагата во врска со настаните од 9 и 10 мај годинава во кумановската населба Диво Насеље, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за уште седум македонски државјани.

Loading...

Осомничените, кои се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б, се изведуваат пред Судија на претходна постапка. Надлежниот јавен обвинител до Судијата на претходна постапка достави Предлог за определување на мерка – Притвор.

Во настаните на 9 и 10 мај во Куманово, полицијата приведе 28 члена осомничени дека се вмешани во нападите во кумановската населба Тоде Мендол, додека на лице место беа убиени и десет члена на терористичката организација.

Неофицијално, во денешната акција на МВР, приведени се две лица, од кои едниот е познат како т.н Командант Арачинова, додека второто лице наводно бил заменик на веќе притворениот Командант Малишева.