Огромен астероид денеска ќе пролета близу Земјата

Сподели со своите пријатели

Поголемиот дел од вселенските камења кои пролетуваат близу Земјата се осамени патници на својата рута околу Сонцето, меѓутоа астероидот, кој ќе пролета покрај нашата планета денеска е сосема поинаков.

Loading...

Имено, астероидот наречен „1999 KW4“ е „двоен“. Научниците сметаат дека примарното тело на објектот е широко околу километар и пол и доволно голем да има и помала „астероидна месечина“ во својата орбита. Помалата Месечина во форма на поголем камен и натаму е значително голема сама по себе, со повеќе од 400 метри во пречник. Ако овој двоен астероид би претставувал сериозна закана за Земјата, би биле во голем проблем, но за среќа тоа не е случај.

Овој астероид нема да биде проблем во некоја предвидлива иднина, а кога ќе мине покрај нас денеска, тоа ќе биде на безбедна дистанца од околу пет милиони километри, што е повеќе од 13 пати далечина меѓу Земјата и Месечината.

Тој се движи со брзина од преку 77.000 километри на час, а неговото минување ќе може да го видат жителите на северната хемисфера, но со помош на телескоп со најмалку 20 сантиметри радиус.

Постоењето на малиот камен во орбитата на овој астероид е она што особено ги интересира научниците. Дали тоа е парче поголем камен кој се скршил пред подолго време или можеби астероид кој бил привлечен со гравитациската сила на поголемото тело?

Неговото минување затоа ќе биде вистинско уживање за астрономите, кои оваа можност можат да ја искористат за да дознаат повеќе за астероидите во нашиот систем.

Претходните опсервации откриле дека овој камен има необична форма, како дијамант или орев, многу сличен на другите познати астероиди како Рјуг. Исто така, откриено е дека помалиот астерод минува една орбита околу поголемиот на секои 16 часа.

Leave a Reply