Ограбена црква во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Повеќе предмети биле украдени од помошна просторија на црква во селото Младо Нагоричане.

Loading...

– На 25.07.2023 во СВР Куманово било пријавено дека со употреба на сила било влезено во помошна просторија на црква во село Младо Нагоричане и биле одземени повеќе предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски