Ноќеска околу 2 часот била ограбена бензинската пумпа „Авиа Оил“.
Loading...
Засега непознато лице маскирано со бела платнена маска на главата кое во рацете држело метален предмет, најверојатно нож, со закана од вработениот одзел 16.383 денари, наполнил бензин во туба за сума од 783 денари, при што се стекнал со противправна имотна корист од 21.185 денари.
По извршување на грабежот, злосторникот се упатил пеш по патот во правец на центарот на градот.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Куманово и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.