СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ и против И.И.(48) од с.Лојане – Кумановско (очитувач на броила во ЕВН Македонија) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со тешка кражба, „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување на службена исправа“.
На почетокот на 2012 година првопријавениот во зграда на ул. „Народна револуција“ извршил тешка кражба на електрично броило, кое подоцна го монтирал и приклучил на електрична мрежа во неговата викендица на м.в. „Пчински пат“.
Второпријавениот во февруари 2012 година иако знаел дека електричното броило е украдено, изготвил работен налог во кој внел невистинити податоци, го потпишал налогот и незаконски го регистрирал како да е корисник и како електричното броило да се наоѓа на локацијата од каде е украдено