Од утре ќе мора да се штеди струја

Сподели со своите пријатели

Мерките за штедење на електрична енергија стапуваат на сила од утре и тоа треба да на ја намали потрошувачката за околу 15 отсто.

Loading...

Мерките се препораки за домаќинствата и компаниите, додека за државни институции тие се задолжителни.

Според министерот за економија Крешник Бектеши нѐ очекува една од најтешките зими на енергетски план.

Мерките за штедење предвидуваат исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици. Ќе се гаснат сијалици кога има доволно дневна светлина, а ладење со клими да не биде помалку од 27 степени, додека греењето да биде на максимум 20 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина и Словачка на работ на конфликт за гасот, Фицо му се заканува на Киев со мерки

Компјутерите мора да се исклучат по завршување на работните обврски, редовно менување на филтрите на грејните тела и клима уредите. Да се печатат само нови материјали, да се изврши замена на прозорците со енергетски ефикасни…

Од друга страна бизнис секторот треба да го стори истото, но таму ова е само препорака.

На домаќинствата им се препорачува вклучување бојлер по потреба и по можност на евтина струја. Машините за перење и за миење садови да се вклучуваат само кога се полни и исто така на евтина струја. Грејните тела да се користат разумно и максимално да се користи дневната светлина и топлината од сонцето. Сијалиците да се изгаснат кога не се престојува во одередни простории, а да се готви во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата. Просториите интензивно да се проветруваат…

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работата на црно е се поголем проблем во Германија: Државата поради тоа изгубила 615 милиони евра

Владините претставници се заканија дека раководителите на јавните институции може да го загубат работното место ако не се обезбеди заштеда од 15 отсто.

Loading...

Сепак се додава дека рестрикции нема да има.

Владата овие мерки ги изгласа кон средината на август и ќе бидат на сила до 31 март до 2023 година.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.  

Никола Ивановски