Шестмина бегалци побарале здравствена помош во Прифатниот центар Табановце, јавува РЦУК во дневниот извештај, при што, едно лице е однесено на Интерното одделение при Општа Болница Куманово, едно лице на нервно, едно лице на Детско одделение, додека на одделот за хирургија се згрижени тројца бегалци.
Во текот на изминатите 24 часа, на ПЦ Табановце се регистрирани вкупно 782 бегалци, од кои 609 од Авганистан, 131 лице од Сирија и 42 бегалци од Ирак, кои престојуваат во центарот поради извесни проблеми со процесот на регистрација.
Во меѓувреме, во центарот е извршена редовна дезинфекција а во туш кабините и во тоалетите се наместени нови бојлери, јавува РЦУК.
Од страна на повеќе невладини организации е извршена редовна дистрибуција на храна и облека, додека од страна на јавните претпријатиа е изнесен целокупниот смет и извршено е редовно чистење на септичката јама.