Од ноќеска на полноќ нафтените деривати во Република Македонија ќе се продаваат по нови цени, односно ќе има поскапување од 0,5 дениари за бензинот и два денари по литар за дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Така со новите цени литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 58, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 60 денари, додека овата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 41 денар.
За два денара поскапува и екстра лесното масло за домаќинство и ќе чини 29,5 денари за литар, а цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,389 денари за килограм и ќе изнесува 15,246 денари.
Регулаторната комисија за енергетика поскапувањата ги оправдува врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена, а оваа цена ќе важи во наредните две недели.