Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Од полноќ се намалуваат цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Loading...

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот од полноќ ќе биде 73 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 71,50 денари за литар.

Се намалува и цената на Мазутот за 0,275 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 44,381 денари за килограм.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка повредена додека работела во продажен објект