Од ноќеска: Блокиран приодот до полициската станица во Куманово

Сподели со своите пријатели

Од вчеранавечер, приодот до полициската станица во Куманово е блокиран од две страни. Забранет е сообраќајот, но се пуштаат пешаци и вработени во Основен Суд Куманово, Центарот за социјални работи, Пошта и останати згради кои се наоѓаат на тој потег.

Loading...

Граѓаните на Куманово ноќеска беа во паника, прашуваа дали повторно се случува нешто, но, ноќта помина мирно.

На прашање до полицајците што се случува, граѓаните велат дека добиваат одговор дека се работи за превентивна мерка без подетални објаснувања.

СВР Куманово засега нема коментар за тоа зошто се блокирани приодите.

Насловната фотографија е сликана ноќеска.

Leave a Reply