Од Њујорк до Рим за само 55 минути: Oвој авион кој лета шест пати побрзо од брзината на звукот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Инженерите веруваат дека оваа технологија ќе овозможи летови на многу поголема височина отколку што е моментално возможно со комерцијални авиони, со драстично намалено време на патување.

Loading...

Американскиот старт-ап Venus Aerospace развива авион кој би можел да лета со шест пати поголема брзина на звукот, овозможувајќи неверојатни патувања како она од Рим до Њујорк за само 55 минути.

Тексаската компанија е фокусирана на развој на хиперсоничен мотор кој би можел да го револуционизира воздушниот сообраќај, надминувајќи ги сложените технички предизвици и редефинирање на летачкото искуство.

Venus Aerospace го претстави моторот VDR2, кој се базира на концептот на „ротациона детонација“ и овозможува летови со брзина до 6 маха.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците предупредуваат на можно страшно сценарио од 1815 година, но со посериозни последици

Инженерите веруваат дека оваа технологија ќе овозможи летови на многу поголема височина отколку што е моментално возможно со комерцијални авиони, со драстично намалено време на патување.

Првите тестови на овој мотор се планирани за 2025 година, пренесува Corriere della Sera.

Иако ова би можело да претставува голем напредок во воздушниот сообраќај, технологијата сè уште има долг пат да помине пред да стане достапна за комерцијална употреба.

Со оваа иновација, повеќечасовните патувања би можеле да се завршат за помалку од еден час при брзина поголема од 7.400 km/h.

Loading...

Но, пред моторот да биде подготвен за патнички летови, тој мора да ги надмине техничките предизвици како што се безбедноста, енергетската ефикасност, влијанието врз животната средина и економската профитабилност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G технологијата

Имено, економската исплатливост на ваквите летови е под знак прашалник, со оглед на искуството на Конкорд, францускиот суперсоничен авион од 1970-тите и 1980-тите години, кој на крајот беше повлечен од употреба поради високи трошоци и безбедносни проблеми.

Venus Aerospace се надева дека ќе ги избегне истите тешкотии со развивање на мотор кој комбинира брзина, одржливост и безбедност.

Во случај технологијата да не е економски исплатлива за патнички летови, таа би можела да најде примена во воениот и карго транспорт.

Иако технологијата се уште е во фаза на тестирање, очекувањата се големи во наредните години.