Од денес втора шанса да се положи државна матура

Сподели со своите пријатели

Почна полагањето на државната матура за учениците од средните општински училишта и гимназиите во августовската сесија во која средношколците кои не положиле државна матура во пердвидениот прв рок, од денес па до петок ќе можат да го сторат истото.

Loading...

Во просториите на средното стручно училиште „Перо Наков“ мајчин јазик денеска полагаат учениците од кумановските средни стручни училишта и од училиштето „Исмет Јашари“ од Липково и „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.

-Се е подготвено за августовската испитна сесија. Тука се претставници од просветниот инспекторат, од Бирото за развој на образованието, тестатори. Нудиме одлични просторни услови за полагањето на државната матура. Денеска се полага мајчин јазик, утре ќе се полага странски јазик, задутре математика и последниот ден учениците ќе полагаат изборен предмет, изјави директорката на средното стручно училиште „Перо Наков“, Лидија Тасевска.

Резултатите од полгањето на државната матура ќе бидат објавени недела дена откако ќе заврши тестирањето.