Од денес промена на времето – засилен ветер, дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Управата за хидромтеролошки работи информира дека од денес подрачјето на Република Македонија постепено ќе потпаѓа под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса од Медитеранот.

Loading...

Ова ќе предизвика денес во попладневните часови во западните делови од државата да има повремени врнежи од дожд кои во текот на ноќта кон недела ќе се прошират насекаде.

Денес и утре претпладне ќе дува умерен, на повеќе места засилен јужен и југозападен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 км/час. Поради јужното струење дневните температури се уште ќе бидат релативно високи за овој период и во недела ќе се движат од 11 до 18 степени.

Во околината на Куманово до попладневните часови ќе имаме и малку сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе настапи наоблачување кое во вечерните часови ќе донесе и врнежи од дожд. Ќе дува ветер од југоисточен правец кој на моменти ќе достигнува и брзина од 30 километри на час. Температурата во текот на денот ќе се искачи само до 14-от степен, а во наредните денови се очекува истите да бидат во опаѓање, па така со стартот на новата недела ќе имаме температури околу 10-от степен.

Во недела претпладне во западните и крајните источни делови се очекуваат пообилни врнежи од дожд, на места и од пороен карактер (над 20л/м2). Попладнето ќе се спушта постудена воздушна маса од север, што ќе создаде услови на повисоките планини во северозападните делови од земјава да има и повремени врнежи од снег.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките планини со повремен снег. Дневните температури ќе се движат од 8 до 15 степени.