Од денес, на сила се нови цени на одредени брендови цигари, достапни на пазарот во Република Македонија. Ценовникот го објави порталот Пулс 24.
Loading...
Според календарот за зголемување на акцизата за цигарите, на 1 јули 2015 година цигарите поскапеа за 0,15 денари по парче или по 3 денари за кутија.
За околу 3 денари за кутија ќе се зголемува цената на цигарите се до 1 јули 2016, а потоа, во следните 7 години, секоја година цигарите ќе поскапуваат по окoлу 4 денари за кутија.
Кутијата која сега чини 60 денари, догодина ќе чини 63 денари, а во 2023 година би чинела 94 денари.