Денес конечно после една недела ќе направиме пауза од врнежливите денови, иако нема да има особено сончеви периоди сепак ќе дојде до намалување на облачност, пишува порталот МетеоПро.
Во попладневните часови ќе има поизразено намалување на облаците, а што се однесува до утрото ќе биде релативно свежо со температури од -2 до 4 степени целзисови. Малку потопло ќе биде во текот на денот кога максималните дневни температури ќе достигнат вреднос од 5 до 13 степени.
Што се однесува до Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно и тивко време со максимална дневна температура до 10-от степен. Минималната во текот на ноќта ќе се спушти до два степени во негатива.
Слично време со поголеми сончеви периоди следува и во наредните неколку денови за кога ќе имаме и повисоки дневни температурни вредности.